Assassin’s Creed Mirage (во Македонија рекламирана како Assassin’s Creed: Мираж) — акционо-авантуристичка игра развиена од Ubisoft Bordeaux и објавена од Ubisoft. Таа е тринаесеттиот голем дел од серијата Assassin's Creed. Првично, проектот бил замислен како додаток на приказната на претходниот дел од серијата Assassin's Creed Valhalla, но во текот на развивачкиот процес тој се развил во независна игра. Играчкиот процес на играта бил вдахнат од првиот дел од серијата Assassin's Creed и, според развивачите, развојот се насочил на потајност, паркур и убиства.
Играта е претходна приказна на Valhalla и ја следи приказната за Басим ибн Исхак, еден од клучните ликови во играта. Дејството се одвива во Багдад во 861 г., 12 години пред настаните на Valhalla, и се насочил на раниот живот на Басим и неговото издигнување како мајстор во Братството на асасини, кои се борат за мир и слобода против Темпларскиот ред, кои бараат мир преку контрола.
Играчки процес Assassin's Creed Mirage е акционо-авантуристичка потајна игра наменета да потсетува на постарите наслови на Assassin's Creed, да биде полинеарна и сосредоточена на приказната, како и да го намали бројот на елементи за играње улоги присутни во последните делови од серијата. Паркурот, блиската борба и потајноста (англ. stealth) се основните елементи на играта. За мисиите за убиство, Mirage го усвојува дизајнот „Црна кутија“, кој претходно бил виден во Assassin's Creed Unity и Assassin's Creed Syndicate, каде што играчите треба да ја истражуваат околината за да најдат различни начини да стигнат и да ги завршат нивните цели. Покрај тоа, тие ќе имаат и голем арсенал на оружје и алатки, вклучувајќи го и скриеното сечило, препознатливото оружје на асасините.
Дејството на играта е главно сместено во градот Багдад, кој е поделен на четири области, вклучувајќи го Кружниот град, Карх, Абасија со неговиот Дом на мудроста и Харбија, но исто така го содржи и Аламут, седиштето на Тврдината на Скриените. Багдад е многу помал од световите на неодамнешните наслови на Assassin's Creed, бидејќи по големина е поблиску до приказите на Париз и Константинопол соодветно во Unity и Revelations.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри за Xbox One Категорија:Игри за PlayStation 4 Категорија:Assassin's Creed Категорија:Видеоигри од 2023 година Категорија:Игри за PlayStation 5 Категорија:Игри за iOS __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__