мини|Корицата на првиот том на мангата, вклучувајќи ја Цукаса Цукујоми Tonikaku Kawaii: Fly Me to the Moon (буквално: Убавица: Однеси ме на Месечината; , букв. Во секој случај, слатка е), позната и како Tonikawa: Over the Moon for You, на македонски постои неофицијален превод под насловот Мојата слатка женаНа интернет можете да го најдете преводот на анимето на македонски под насловот Мојата слатка жена, но тоа не е официјален превод од издавач, туку од обичен обожавател. — манга од Кенџиро Хата, објавена во списанието Weekly Shonen Sunday од 14 февруари 2018 г. Нејзината аниме-адаптација се емитувала од октомври до декември 2020 г. на Tokyo MX и некои други ТВ-канали. Во 2021 г., аниме-адаптацијата на мангата ја освоила наградата „Crunchyroll Anime Awards“ во категоријата „Најдобар пар“. Втората сезона била премиерно прикажана во април 2023 г. Приказната се врти околу младиот гениј Наса Јузаки и неговиот развој на врската со неговата нова сопруга Цукаса, која го спасува од сообраќајка на почетокот на приказната.
Содржина На една снеговита зимска ноќ, Наса Јузаки, момче што го исмевале во детството поради неговото чудно име, наидува на една привлечна девојка откако ги добил оценките од практичниот испит за гимназија. Кога се обидува да ѝ пријде, го удира камион поради невнимание. Меѓутоа, девојката го спасува, а Наса за чудо ја следи до автобуска постојка и продолжува да ѝ ја признава љубовта. Девојката, Цукаса Цукујоми, се согласува да биде со него, но само ако прво се венчаат. Наса брзо се согласува со нејзиното барање, а потоа се онесвестува, будејќи се во болница. Наса станува разбиен кога не може повторно да ја најде, сѐ до неговиот 18-ти роденден, каде Цукаса ненадејно се појавува на неговиот праг. Цукаса влегува внатре со договор за брак, започнувајќи ја нивната врска и брак.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Манга од 2018 година Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии