Љубомир Шукаров ( во — во ) — македонски гинеколог-акушер и универзитетски професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Животопис

Шукаров завршил Медицински факултет во Софија во 1944 година, а специјализирал гинекологија и акушерство во 1951 година во Загреб и во Скопје. Хабилитирал на темата „Проблем на цервицитисот и некои заразувања во врска со интрацервикалната инфилтрација со антиобитици“ во 1957 година.

Бил директор на Гинеколошко-акушерската клиника во периодот 1968-1973 и проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Се усовршувал во познати центри во Европа. Промотор е на супспецијалистичката ориентација на Клиниката и вовел нови дијагностички и терапевтски методи што довело до подигнување на стручното ниво, научноистражувачката и публицистичката дејност.

Наводи

Категорија:Македонски гинеколози Категорија:Македонски универзитетски професори