Витрен ― литотип на јаглен создаден од кората на големите растенија. Познат по својот сјаен изглед, витренот обично се појавува во тенки ленти, меѓу 3 и 10 милиметри во ширина. Има кршлива текстура и обично образува коцкести парчиња кога се скрши. Хемиски, витренот се издвојува меѓу литотиповите на јаглен со тоа што има големи концентрации на германиум. Согорувањето на витренот се покажува како витален извор на производство на германиум, каде што елементот може да биде извлечен од преостанатиот пепел.
Наводи
Категорија:Јаглен Категорија:Никулци за рударство