мини|Сликовит приказ на состојбата на совршениот број 6

Совршен број — број што е еднаков на збирот на своите позитивни делители (вклучувајќи ја и единицата), но без самиот тој број. На пример:

6=1+2+3 28=1+2+4+7+14

Првите четири совршени броеви се познати уште од дамнешни времиња (пред 2000 години). Третиот совршен број е 496, а четвртиот е 8128. Петтиот совршен број е 33.550.336 и е откриен околу 1460 година. Осумнаесеттиот совршен број има 1937 цифри, а познати се четириесет и осум совршени броеви.

Ојлер докажал дека парните совршени броеви имаат облик каде е Мерсенов прост број, а обратното тврдење му било познато веќе на Евклид.

Непарен совршен број Не е познато дали има некој непарен совршен број, но ако го има тој мора да биде многу голем, поголем од 10300.

Поврзано Теорија на броевите

Наводи

Надворешни врски Дејвид Мовс: Совршени, прифатени и социјални бројки Совршен број - историја и теорија

Категорија:Теорија на броевите