Village People ― американска диско група формирана во Њујорк во 1977 година. Групата е позната по костимите и униформите кои нејзините членови ги носеле на настапите во живо и во видео-спотовите и по сугестивните и често двосмислени стихови во нивните песни.
Создавањето на Village People директно му се припишува на францускиот композитор и продуцент Жак Морали, хомосексуалец кој сакал да создаде диско музика која ќе биде ценета од геј заедницата. На Морели, кој во раните 1970-ти продуцирал на низа диско хитови, во 1977 година му пристапил пејачот Виктор Вилис со демо лента. На Морали му се допаднало демото и на Вилис му ја претставил идејата за формирање група. Основачки членови на групата биле Жак Морали, неговиот деловен партнер Анри Белоло и пејачот Виктор Вилис. Името на групата потекнува од просперитетната геј населба Гринич Вилиџ на Менхетен. Морали, користејќи го своето влијание во светот на дискотеките, се погрижил новата група да потпише договор со Casablanca records и набргу потоа Village People го издале нивниот прв албум „Village People“ (1977), со Вилис како единствен член на „групата“.
Албумот станал меѓународен хит, а набрзо групата била многу барана за настапи во живо. Бидејќи Вилис не можел сам да пее, Морали ангажирал тим од танчери и резервни пејачи кои го поддржувале Вилис на сцената. Откако пораснала продажбата на плочи, Морали и Вилис ја увиделе потребата од создавање на постојана група. Тие објавиле оглас во весник на кој пишувало: „Се бараат мачо типови: мора да танцуваат и да имаат мустаќи.“ Village People, Rolling Stone, Vol. 289, April 19, 1979. Глен Хјуз (моторџија), Дејвид Ходо (градежен работник) и Ренди Џонс (каубој) биле меѓу стотиците кои одговориле на огласот. Морали во њујоршки геј бар го запознал Фелипе Роуз и го повикал во групата. Роуз во настапите во живо се облекувал во костим на индијански поглавар. Вилис во групата го повикал и Алекс Брили (кој првично не настапувал во костим, а потоа користел униформа на американски војник). Ликовите биле симболична група на американската мажественост и мачо геј-фантазијата. Денес, Вилис е единствен оригинален член во групата.
Групата брзо стекнала популарност, и објавила неколку светски популарни диско и денс хитови, како: „Macho Man“, „In the Navy“, „Go West“ и „Y.M.C.A.“, кој бил нивен најголем хит. Во март 2020 година, Конгресната библиотека ја опишала песната „Y.M.C.A.“ како „американски феномен“ и ја додала во Националниот регистар за записи, во кој се чуваат аудиоснимки кои се сметаат за „културно, историски или естетски значајни“.
Дискографија
Village People (1977) Macho Man (1978) Cruisin''' (1978) Go West (1979) Live and Sleazy (1979) Can't Stop the Music (1980) Renaissance (1981) Fox on the Box (1982) Sex Over the Phone (1985) A Village People Christmas (2018)
Постава
Оригинални седум члена
Виктор Вилис (полицаец/адмирал/спортист/жиголо/без костим) Фелипе Роуз (Индијанец) Алекс Брили (Војник/без костим) Ли Мутон (моторџија) Марк Муслер (градежен работник) Дејвид Форест (каубој) Питер Вајтхед (без костим)
Наводи
Надворешни врски
Village People at Rolling Stone'' Official website of Victor Willis
Категорија:ЛГБТ ориентирани музички групи Категорија:Американски диско групи Категорија:Американски диско музичари Категорија:Американски денс групи Категорија:Музички групи од Њујорк Категорија:Музички групи основани во 1977 година