Ал Грин (англ: Al Green; целосно име: Алберт Леорнес Грин (англ: Albert Leornes Greene); роден на 13 април 1946 г.) ― американски пејач и свештеник. Најпознат е по низата успешни соул песни кои ги објавил во раните 1970-ти, како: „Take Me to the River“, „Tired of Being Alone“, „I'm Still in Love with You“, „Love and Happiness“ и неговата најпозната песна „Let's Stay Together“. Откако неговата девојка извршила самоубиство, Грин станал ракоположен свештеник и се свртел кон госпел музиката. Подоцна се вратил на секуларната музика.

Грин бил примен во Куќата на славата на рокенролот во 1995 година. За него во музејот пишувало дека е „еден од најталентираните изведувачи на соул музика“. Тој, исто така, се нарекува и како „Последен од големите соул пејачи“. Грин има освоено 11 Греми награди, меѓу кои и наградата Греми за животно дело. Тој, исто така, ја добил наградата BMI икона и е добитник на Признание од Кенедиевиот центар. Списанието Ролинг Стоун го ставил на 65-то место на нивниот Список од 100 најголеми музичари на сите времиња, и на 14-то место на Списокот од 100 најдобри пејачи. мини|266x266пкс| Ал Грин во Шоуто на Мајк Даглас во 1973 година Награди и почести Ал Грин 21 пат бил номиниран за Греми награда, а освоил 11, вклучувајќи ја и наградата Греми за животно дело. Две неговите песни, „Let's Stay Together“ и „Take Me To the River“ се примени во Гремиевата куќа на славата.

Во 1995 година, Грин бил примен во Куќата на славните на рокенролот. Во 2004 година, тој бил примен во Куќата на славата на госпел музиката, а истата година бил примен и во Куќата на славата на текстописците. Исто така во 2004 година, списанието Ролинг Стоун го рангирало на 65-то место на нивната листа од 100 најголеми уметници на сите времиња. На 24 јуни 2009 година, ја добил BET наградата за животно дело.

На 26 август 2004 година, Грин бил одликуван за BMI икона, со што се приклучил на претходно почестените икони меѓу кои биле и легендите на ритам и блуз музиката: Џејмс Браун, Чак Бери, Литл Ричард и Бо Дидли. Грин бил примен во Мичигенската куќа на славата на рокенрол легенди во 2009 година. На 7 декември 2014 година, добил Почести од Кенедиевиот центар. Дискографија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Добитници на Греми за животно дело Категорија:Американски соул пејачи Категорија:Христијани од 20 век Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1946 година Категорија:Американски ритам и блуз пејачи Категорија:Американски поп пејачи Категорија:Американски госпел пејачи Категорија:Американски кантавтори Категорија:Американски гитаристи Категорија:Афроамерикански текстописци