„Полноќен експрес“ (англиски: Midnight Express) — филм на режисерот Алан Паркер од 1978 година, снимен по мемоарите на Били Хејс од 1977 година. Автори на сценариото се Оливер Стоун, Били Хејс и Вилијам Хофер, а главните улоги ги играат: Бред Дејвис, Ајрин Миракл, Џон Харт, Бо Хопкинс, Пол Л. Смит и Ренди Квејд. Филмот освоил шест награди „Златен глобус“, вклучувајќи ја и наградата за најдобар филм, како и три награди БАФТА (за најдобра режија, најдобра монтажа и најдобра споредна машка улога — Џон Харт). Исто така, филмот имал четири номинации за наградите „Оскар“, вклучувајќи ги категориите најдобар филм и најдобра режија, при што победил во две категории: најдобро приспособено сценарио — Оливер Стоун и најдобра оригинална музика — Џорџо Мородер). Најпосле, на Канскиот филмски фестивал, филмот бил номиниран за „Златна палма“.Film tjedna: Ponoćni ekspres, američko-britanski film (пристапено на 26.10.2023)

Синопсис Били Хејс (го игра Дејвис) е млад Американец кого го апси турската полиција зашто се обидува да прошверцува хашиш од Истанбул. Тој е осуден и затворен во траење од четири години. Во затворот е изложен на нечовечки услови и постојано измачување. Пред крајот на отслужувањето на казната, тој дознава дека турскиот суд го осудил на казна од дополнителни 30 години. Бидејќи престојот во затворот станува неподнослив, Били одлучува да побегне од затворот...

Наводи

Категорија:Британски филмови Категорија:Американски филмови Категорија:Трилери Категорија:Филмови за затвореници Категорија:Филмови од 1978 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Турција Категорија:Филмови на Алан Паркер Категорија:Филмови со Бред Дејвис Категорија:Филмови со Ајрин Миракл Категорија:Филмови со Џон Харт Категорија:Филмови со Бо Хопкинс Категорија:Филмови со Пол Л. Смит Категорија:Филмови со Ренди Квејд