Невил Ланселот Годард () — барбадошки автор и мистик, кој пишувал за вистинското значење на Библијата како несветовна историја, не историски, туку само строги и едноставни приказни што го поучуваат човештвото на патот кон духовното будење и вистинското спасение. Неговото суштинско учење било дека човековата вообразба е Бог, дека сите ние сме Бог преродени како човек, пробудејќи се во нашата божествена свест преку Христос (моќта и мудроста Божја) во нас.
Ран живот Годард е роден во Фонтабел, Сент Мишел, Барбадос на 19 февруари 1905 г., во семејството на Џозеф Натаниел Годард, трговец; и Вилхелмина Годард, (родена Хинксон). Невил бил четвртото од десетте деца. Тој исто така бил постар брат на крикетарот и стопанственикот Џон Годард. На 17-годишна возраст, Годард се иселил во Њујорк во 1922 г. за да учи драма и ја започнал својата театарска кариера како танчар во Њујоршкиот театар во 1925 г. Помеѓу 1929 и 1936 г., негов учител бил етиопскиот рабин по име Абдула во Њујорк. Во тоа време, Абдула го запознал со кабалата и го научил еврејски. Писателот на „Новата мисла“ Џозеф Марфи, исто така, го признал Абдула како свој учител.
Во 1942 г., на 38-годишна возраст, бил повикан во војска и распореден во кампот Полк, Луизијана во 11-та оклопна дивизија. По отслужувањето на само девет месеци, тој добил почесно отпуштање од неговиот баталјонски командант, полковникот Теодор Билбо Помладиот. По овој краток престој во војска, на Годард му било дадено американско државјанство, бидејќи до тој миг бил британски државјанин.
Наводи
Надворешни врски
Аудиокниги на Невил Годард на македонски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Родени во 1905 година Категорија:Умрени во 1972 година Категорија:Мистици Категорија:Учители