Бранислав Шикиќ ( во — во ) — хрватски шумарски инженер и југословенски комунистички деец.

Животопис

Бил истакнат деец на студентското движење во Македонија и член на Комунистичката партија на Југославија од 1941 година. По окупацијата бил член на Покраинската воена комисија во 1941 година, кога бил уапсен од бугарската полиција. Подоцна, бил политички комесар на Поречкиот НОПО.

По Ослободувањето бил вработен во државната управа во областа на шумарството.

Наводи

Категорија:Хрватски шумарски инженери Категорија:Југословенски политичари