Богдан Шешиќ ( во — во ) — српски филозоф со меѓународно реноме.
Животопис
Дипломирал филозофија во Белград во 1934 година, а докторирал во Берлин во 1938 година.
Од 1947 година е примен за асистент на Филозофскиот факултет во Скопје, а за предавач во 1951 година. Ги предавал предметите Логика, Историја на фолозофијата, Етика и Естетика. На Факултетот останува до 1954 година, кога се вработува на Филозофскиот факултет во Белград, станувајќи редовен професор во 1962 година.
Контактите со Филозофскиот факултет во Скопје ги продолжува преку честите гостувања со предавања и учество во комисии за оценка и одбрана на докторски дисертации.
Неговите книги ги користеа бројни генерации студенти. Автор е на голем број книги, расправи и статии објавени во меѓународни списанија.
Наводи
Категорија:Српски филозофи