Наполеон () — епски историски филм во режија и производство на Ридли Скот по сценарио на Дејвид Скарпа. Филмот раскажува за доаѓањето на Наполеон Бонапарт на власт и за неговиот однос со неговата сопруга Жозефина. Наполеон го игра Хоакин Финикс, кој исто така работи како продуцент, а Ванеса Кирби и Тахар Рахим ги играат споредните улоги. Филмот бил објавен на 22 ноември 2023 г. во САД и Обединетото Кралство од Sony Pictures Releasing, а потоа и од Apple TV+. Во Македонија бил објавен на 23 ноември од Cineplexx MK.

Содржина Филмот ја раскажува приказната за порастот на славата и моќта на францускиот офицер Наполеон Бонапарт. Започнува во есента 1793 г., кога младиот офицер на француската армија присуствува на погубата на поранешната кралица Марија Антоанета. Тогаш Наполеон прави вртоглава кариера, се жени за убавата Жозефина Боарне, ја презема власта и се искачува на императорскиот престол. Неговиот живот е исполнет со војни и семејни неволји. Филмот содржи шест големи борбени сцени. Поточно, тоа се битките кај Аустерлиц, Бородино и Ватерло.

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови од 2023 година Категорија:Филмови Категорија:Историски филмови Категорија:Епски филмови