Божин Шерденковски ( во — ) — македонски градежен инженер и универзитетски професор на Градежниот факултет во Скопје.
Животопис
Основното училиште го завршил во родното место, а на градежниот оддел при Техничкиот факултет се запишал во 1951 година и дипломирал во јуни 1958 година. За асистент по предметот мелиорации со хидротехнички објекти бил избран во април 1963 година. Во 1969 повторно бил избран за асистент, а во јуни 1971 година бил избран за доцент на група предмети. Во ноември 1976 година бил избран за вонреден професор.
Шерденковски бил редовен универзитетски професор на Градежниот факултет во Скопје од 1981 година до неговото пензионирање во 1988 година по предметот Хидротехнички мелиорации. Во периодот 1981-1983 ја извршувал функцијата продекан.
Пред доаѓањето на факултетот во 1965 година работел во ГП „Пелагонија“.
Учествувал во реализацијата на повеќе хидромелиоративни системи („Овче Поле“, „Прилеп“ и други).
Наводи
Категорија:Македонски градежни инженери Категорија:Македонски универзитетски професори