„Петка — грб“ — збирка пиеси за деца од повеќе македонски писатели, во издание на „Детска радост“ од 1984 година. Изборот на пиесите и автор на белешките за писателите е Киро Донев, а поговорот го напишала Оливера Николова. Книгата е објавена како јубилејно издание по повод 40-годишнината на детскиот печат во СР Македонија, 1945-1985. Нацртот на корицата го изработил Петар Почев, а автор на фотографиите на писателите застапени во книгата е Шемседин Османи. Книгата е испечатена во РО НИП „Нова Македонија“, ООЗТ Печатница — Скопје во тираж од 2 000 примероци. Таа е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“ — Скопје.Петка — грб: пиески. Детска радост, Скопје, 1984.

Содржина Михо Атанасовски, „Тајната на едно писмо“ Ристо Давчевски, „Срамежливо дете“ Ристо Давчевски, „Априлилска играрија“ Ристо Давчевски, „Продавач на елки“ Ристо Давчевски, „Млеч“ Ристо Давчевски, „Итар Пејо, алвата и попот“ Киро Донев, „Лоша игра“ Киро Донев, „Топката е виновна“ Киро Донев, „Априли-ли-ли“ Киро Донев, „Кој како и каде зимува“ Рајко Јовчески, „Порака“ Рајко Јовчески, „Најдобриот снешко“ Рајко Јовчески, „Витезот Априлко и баба Марта“ Александар Кујунџиски, „Касни ако сакаш да те каснат“ Александар Кујунџиски, „Весел договор“ Александар Кујунџиски, „Кај фотограф“ Александар Кујунџиски, „Заслужено леѓенување“ Александар Кујунџиски, „Слушни колку тажно пее онаа птица“ Иванчо Митревски-Мајсторот, „Болната принцеза“ Велко Неделковски, „Проба на драмската секција“ Велко Неделковски, „Во пет до дванаесет“ Велко Неделковски, „Средба во паркот“ Горјан Петрески, „Мачорот Тодор в болница“ Горјан Петрески, „Лисица и магаре“ Видое Подгорец, „Тажен крај“ Видое Подгорец, „Изгубената кукла“ Видое Подгорец, „Новогодишна сказна“ Видое Подгорец, „Шумски збор“ Глигор Поповски, „Пазар“ Глигор Поповски, „Петка — грб“ Глигор Поповски, „Сашо сака да биде лекар“ Глигор Поповски, „Најважното откритие“ Стојан Тарапуза, „Семафор“ Стојан Тарапуза, „Славеј“

Наводи

Категорија:Изданија на Детска радост Категорија:Детска книжевност Категорија:Македонски дела од 1984 година Категорија:Појавено во 1984 година во Македонија