Афродита Кирјаковска (р. , Кавадарци) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица, автор и режисер.

Филмографија Година Филм Улога 1975 Прва вечер ТВ-филм Менка 1981 Булки крај шините ТВ-серија 1988 Скопски сновиденија ТВ-филм 2005 Сештологија ТВ-серија Наставничката 2009 Народни приказни ТВ-серија Нанушка 2012 Македонски народни приказни ТВ-серија Бабата 2014 Приказни од животот ТВ-серија Мајката

Животопис Во 1974 година, Кирјановска дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на професорот Димитрие Османли и истата година се вработува во Македонски народен театар - Скопје, каде останува сè до нејзиното пензионирање. Таа е глумица, театарски педагог со над 30 годишно искуство со деца, и драмски автор. Автор е на песни, радио драми, сценарија за разни културни манифестации, телевизиски и радио емисии, како и 27 театарски текстови за деца. Во 2014 година, вршела натсихронизација на турски серии за Телевизија Алфа.

Надворешни врски

Категорија:Глумици од Кавадарци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци Категорија:Македонски режисери Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје