Гајзињкалнс () или Гајзињш (Gaiziņš) — рид во Латвија и највисока точка во земјата со висина од 312 мGaiziņkalna augstuma precizēšana Latvijas Ģeotelpiskās informācijas aģentūra. Сместен е на Виѕемското Возвишение, недалеку на запад од гратчето Мадона во средишниот дел на областа Виѕеме.
Иако не е многу висок, на ридот е направено скијалиште со три патеки и неколку ноќевалишта. На Гајзињкалнс е подигната кула со цел ридот да биде повисок од Сур Мунамеги — највисока точка во соседна Естонија (318 м). Кулата уште недовршена станала популарна знаменитост, но набргу била затворена од безбедносни причини. Разурната е во декември 2012 г. и остатоците се отстранети. Во близина има повеќејазична табла, но самиот врв нема обележувач.
мини|Поглед од Гајзињкалнс
Поврзано Географија на Латвија
Наводи
Надворешни врски
Гајзињкалнс на Латвискиот туристички портал
Категорија:Ридови во Латвија Категорија:Највисоки точки на земјите Категорија:Мадона (општина)