Владо Јаневски ― македонски писател, поет, сликар, автор на стрипови и истражувач.
Животопис Владо Јаневски е роден во Прострање, Кичевско. Детството го поминал во Велмевци и Битола, каде завршил средно образование во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Високо образование стекнал на УКИМ во Скопје. Од 1989 година живее во Сиднеј, Австралија и честопати патува по светот (престојувал во седумдесетина земји). Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Застапен е во повеќе домашни и странски антологии и списанија за литература. Како сликар изложувал во Сиднеј и онлајн (Art by Vlado Janevski - Enough Love or Gravity). Неговите слики се дел од приватни колекции во повеќе земји во светот. Во Македонија учествувал во ликовни колонии во Крушево и Охрид. Како стрип автор редовно објавува епизоди од неговиот стрип „Палавковците Влатко и Емче” во прилогот „Колибри”, во весникот „Нова Македонија”. Објавувал и карикатури во познатиот австралиски магазин „The Bulletin with Newsweek“. Ангажиран е како уредник за книжевно и ликовно творештво во австралискиот магазин „Везилка“ каде што претставува македонски автори кои живеат надвор од Македонија. Во Австралија се занимавал и со истражување и развој (Research and Development) на полето на технологијата и бил дел од истражувачки тимови на познати светски компании, како БП (The British Petroleum Company), АЛС (ALS Limited), Кастрол (Castrol), каде го дал својот придонес формулирајќи голем број на производи за индустријата.
Активно твори (проза и поезија) на македонски и англиски јазик. Преведува од англиски.
Творештво и објавени дела
Проза за возрасни роман - „Кој го уби Едгар Алан По“ („Или-Или“, Скопје, 2024), ISBN 9786082611259 роман - „Смртта не е крај“ („Арс Ламина“, Скопје, 2022), ISBN 9786082675251 роман - „Мртвите знаат најдобро“ („Арс Ламина“, Скопје, 2020), ISBN 9786082671437 роман - „Чудо зад аголот“ („Магор“/„Пагома прес“, Скопје, 2020), ISBN 9786084858157 роман - „Под друга капа“ („Магор“, Скопје, 2019), ISBN 9786082236261 роман - „Made in Jabana“ („Слово“, Скопје, 2004), ISBN 9989103267 збирка раскази - „Нема враќање“, збирка наградувани раскази, („Студентски збор“, Скопје, 1985), CIP - Народна и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје, 88.6-31
Поетски збирки за возрасни „Молкозбор“, (здружение „Анте Поповски - Антево перо”, Скопје, 2025 година) „На грбот на неповратот“, („Агенција за иселеништво“, Скопје, 2024), ISBN 9786084722274
Наградувани раскази за возрасни „Вол во ректум“, наградуван расказ, (во „Раскажи ми“ во РадиоМов.мк, 2023) „Бегство“, наградуван расказ, (во „Нова Македонија“, 2021) „Трка”, наградуван расказ, (под псевдоним: bromofon, во „Електролит“, 2007) „Семе”, наградуван расказ, (под псевдоним: bromofon, во „Електролит“, 2007) „Професионалец“, наградуван расказ, (под псевдоним: bushy meat, во „Електролит“, 2006) „Абер отаде“, наградуван расказ, (под псевдоним: bushy meat, во „Електролит“, 2006) „Не е за објавување”, наградуван расказ, (под псевдоним: bushy meat, во „Електролит“, 2006) „Нема враќање“, збирка наградувани раскази, („Студентски збор“, Скопје, 1985), CIP - Народна и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје, 88.6-31
Книги за деца и млади „Палавковците Влатко и Емче“, илустрирана книга, („Стрип-Квадрат“, Скопје, 2023), ISBN 9786084719274 „Луѓето и змејовите“, илустрирана книга, („Арс Ламина“, Скопје, 2023, дел од едицијата „Нови бајки од Македонија“), ISBN 9786082678085 „Нови бајки од Македонија“, збирка од современи бајки од група автори. Застапен со бајките „Луѓето и змејовите“ и „Папагалот и кучето“, („Арс Ламина“, Скопје, 2024), ISBN 9786082679228 „Детелинки белинки“, читанки и лектири за основно образование. Застапен со бајката „Папагалот и кучето“, („Арс Ламина“, Скопје, 2022), ISBN 9786082676265
Раскази за деца и млади „Љубопитност“, (објавен во прилогот „Колибри“, во весникот „Нова Македонија“, 2024) „Изненадување“, (објавен во прилогот „Колибри“, во весникот „Нова Македонија“, 2024) „Итрото врапче“, (објавен во прилогот „Колибри“, во весникот „Нова Македонија“, 2023)
Графички новели (kindle books) „Am I an Aussie“ „Flakeman (The Adventures of Flakeman Book 1)“ „Flakeman (The Adventures of Flakeman Book 2)“ „Flakeman (The Adventures of Flakeman Book 3)“ „Falling In Love (Almost Happy Sock Book 1)“
Зборници и антологии „Културен печат – интервјуа и разговори“ 2022 година, книга од Тони Димков „Современи кратки книжевни форми“ („Инаку“, Скопје, 2022) „Песни за Скопје“ („Феникс“, Скопје, 2021) „Современи авторски бајки“ („Феникс“, Скопје, 2021) Зборник „Coбирање: Песни од ХХI Светски поетски конгрес“, Сиднеј 2003 Зборник со љубовна поезија „Коти на копнежи и страст", Сиднеј 2003 Зборник поезија „Поетски иселенички меридијани", Скопје 1996 Антологија „Македонска поезија во Австралија", Сиднеј 1996
Награди
Награда „Антев златник“ за поетската збирка „Молкозбор“. Награда „Стојан Христов“ за поетската збирка „На грбот на неповратот“. Награда „Пегаз“ за 2020 година, за најдобар необјавен роман на годината во Македонија, за романот „Мртвите знаат најдобро“. Награда „Македонски корени“, за достигнувања во литературното и ликовното творештво, на меѓународниот фестивал „Книжевен круг“, во организација на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност „Инаку” – Скопје. Награда „Скрипт фест“, за најдобро сценарио за долгометражен игран филм на Меѓународниот фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест“ во 2021 година, за сценариото „Под друга капа“. Награди за краток расказ: многупати бил наградуван со први награди на конкурсите за раскази на весникот „Студентски збор“ и „Електролит“ (2006, 2007) на „Темплум“ од Скопје (под псевдонимите bushy meat и bromofon). Повеќепати бил наградуван и на конкурсите за краток расказ на весникот „Нова Македонија“. Награда за бајката „Луѓето и змејовите“, на конкурсот „Современи бајки од Македонија“, во 2021 година. Награда за бајката „Папагалот и кучето“, на конкурсот „Современи бајки од Македонија“, во 2021 година. Награда „Пегаз“ за 2025 година. Во најтесен избор за наградата за најдобар необјавен роман на годината во Македонија, за романот „Изгубени низ дупки во џебовите“. Финалист за наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија и во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, со романот „Кој го уби Едгар Алан По“.
Наводи
Надворешни врски Владо Јаневски претставен низ разговор за неговите три последни романи Наградата „Антев златник“ за поетската збирка „Молкозбор“ на Владо Јаневски Macedonian Vlado Janevski shows in his new novel "Who Killed Edgar Allan Poe" the truth within the truth or the novel within the novel Reviewed book: "Who Killed Edgar Allan Poe" Без детската ведрина, животот би бил здодевен! Себеси не можам да се замислам да творам само во еден медиум „Кој го уби Едгар Алан По" - нов роман на писателот Владо Јаневски Во потрага по вистинскиот збор со Христо Петрески. Гостин: Владо Јаневски, 2025 г. Владо Јаневски добитник на наградата „Стојан Христов“ Македонската награда ПЕГАЗ за најдобар необјавен роман во рацете на Владо Јаневски Осврт на Читачот (Александар Маџаровски) за романот „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски Патувањата низ светот ми се најголема инспирација за пишување Убавината на наградата „Пегаз“ е што нуди книжевна разновидност: осврт на Владо Јаневски Во потрага по вистинскиот збор со Христо Петрески. Гостин: Владо Јаневски, 2024 г. Креативноста не изостанува ниту во вакви услови Интервју со Владо Јаневски- писател и мултимедијален уметник
Категорија:Родени во непозната година Категорија:Луѓе од Прострање Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски писатели за деца Категорија:Македонски сценаристи Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски автори на стрипови Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски сликари Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Македонци во Австралија