1325 Основан е градот Теночтитлан, престолнина на државата на Ацтеките. 1781 Англискиот астроном од германско потекло Вилијам Хершел неочекувано ја откри седмата голема планета на Сончевиот Систем која го доби името Уран. Ги откри двата од петте познати сателити на Уран и на Сатурн. 1848 Еден ден по масовните демонстрации во Виена, паднала владата на канцеларот Клеменс Метерних, кој побегнал во Велика Британија, а царот Фердинанд I ветил донесување нов устав. 1881 Членовите на тајното терористичко здружение „Народна волја“ го убиле рускиот цар Александар Втори од династијата Романови. 1969 Стапи во сила Меѓународната конвенција за ликвидирање на сите облици на расна дискриминација. 1992 Северозападна Турција ја зафати катастрофален земјотрес при што загинаа 653, а беа повредени околу 700 луѓе. 2005 Локални избори во Република Македонија, први по новата територијална поделба. 2013 Избран папата Франциск, прв јужноамерикански и исусовски папа. 2015 Прокопис Павлопулос станува претседател на Грција. 13 март
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 13 март (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.