мини|Вуди Ален на Канскиот филмски фестивал. „Победнички поен“ (англиски: Match Point) — британско-американско-луксембуршки филм од 2005 година, во режија на Вуди Ален, кој е автор и на сценариото, заедно со Мики Роуз. Главните улоги ги толкуваат: Александер Армстронг, Џонатан Рис Мејерс, Скарлет Јохансон, Метју Гуд, Брајан Кокс, Пенелопе Вилтон и Емили Мортимер]]. Филмот, снимен во Англија во продукција на BBC Films, бил добро примен од филмската критика и постигнал одличен успех кај публиката. Главната тема во филмот се сложените меѓучовечки односи и состојбите во кои се наоѓаат просечните луѓе од високата англиска класа, оптоварени со приватните, деловните и општествените проблеми. Završni udarac, britansko-američko-luksenburški film (пристапено на 4.11.2023)

Содржина Поранешниот тенисер Крис (го игра Рис Мејерс) работи како тренер по тенис во еден лондонски клуб во кој најчесто членуваат богати луѓе. Таму, тој се спријателува со Том Хјут (го игра Гуд), син на богати родители. Дружејќи се со него, Крис ја запознава сестра му Клои (ја игра Мортимер) со која започнува љубовна врска, како и девојката на Том, Нола (ја игра Џохансон) која е убава и привлечна, но фрустрирана поради неуспешниот обид да стане глумица. Крис ги придобива симпатиите на родителите на Клои и тие се венчаваат по што тој се вработува во претпријатието на таткото на Клои. Тогаш, Том и Нола ненадејно ја прекинуваат врската, а по една случајна средба, Нола започнува љубовна врска со Крис, кој сè повеќе се оддалечува од Клои...

Наводи

Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија: Американски филмови Категорија: Британски филмови Категорија: Луксембуршки филмови Категорија: Филмови од 2005 година Категорија: Филмови на Вуди Ален Категорија: Филмови со Александер Армстронг Категорија: Филмови со Џонатан Рис Мејерс Категорија: Филмови со Скарлет Јохансон Категорија: Филмови со Метју Гуд Категорија: Филмови со Брајан Кокс Категорија: Филмови со Пенелопе Вилтон Категорија: Филмови со Емили Мортимер Категорија: Филмови чие дејствие се одвива во Лондон Категорија:Филмови на BBC Films Категорија:Филмови снимени во Англија