Крстју Крстев () е бугарски актер и театарски директор, од 2023 година министер за култура на Бугарија.

Биографија Роден е на 25 ноември 1956 година во Пазарџик.

Во 1983 година дипломирал на НАТФИЗ „Крстјо Сарафов“. Работел во Куклениот театар во Пазарџик, како и во Родопскиот драмски театар „Николај Хајтов“ во Смољан. Во 1998 година, тој станал директор на театарот и негов главен уметнички директор.

Од 2010 година Крстју Крстев бил директор на Драмскиот театар во Пловдив. Во овој период биле реализирани многу големи театарски продукции. Крстев работел заедно со драматургот Александар Секулов. Во 2022 година ја добил специјалната награда „Пловдив“ за исклучителен придонес.Министерство на културата - Министър

Од 6 јуни 2023 година ја извршува функцијата министер за култура во владата на Николај Денков.

Наводи

Категорија:Министри за култура на Бугарија Категорија:Родени во 1956 година