мини|Во „Гозба“, Платон објаснува дека Зевс ги поделил првобитните луѓе на две независни суштества, кои постојано се бараат еден со друг. Сродна душа — преносен израз што именува личност кон која друго лице чувствува длабока или природна склоност. Склоноста подразбира сличност еден со друг, љубов, платонски врски, удобност во меѓусебно друштво, блиска поврзаност, духовно сродство, здружливост или доверба.

Определба Во сегашната употреба, „сродна душа“ обично се однесува на љубовен или платонски партнер, со подразбирање на исклучителна доживотна врска. Тоа обично значи најсилна врска со друга личност што може да се постигне. Луѓето што веруваат во сродни души вообичаено прифаќаат дека едниот ќе се чувствува „целосно“ откако ќе ја пронајде својата сродна душа, бидејќи делумно е во восприемливата определба дека две души треба да се соединат. Изразот „сродна душа“ првпат се појавил во англискиот јазик во писмо од Семјуел Тејлор Колриџ во 1822 г.

Наводи

Надворешни врски

170 Best SoulMates ideas | soulmate, love quotes, quotes

Категорија:Љубов Категорија:Филозофија на љубовта Категорија:Њу ејџ __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__