Вршец () — град во Северна Бугарија, административен центар на Општина Вршец во Монтанската Oбласт. Има население од околу 5.742 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Градот се наоѓа во подножјето на врвот Тодорини Кукли, на северните падини на Стара Планина, во јужниот дел на големата Вршечка Котлина покрај реката Ботуња. Градот се наоѓа на 33 км јужно од регионалниот центар Монатана.

Историја Вршец настанал околу минералните извори и неговата историја е поврзана со балнеотерапијата. Откриени се урнатини од римски бањи.Вършец – минерални извори и балнеолечение, Bghotelite. Во турските документи од 16 век населбата се наведува како „Виришниче“.

Во 1910 година била изградена првата државна минерална бања. Таа била тесна за пациентите кои пристигнувале, а во 1930 година била изградена друга поголема, која била во антички стил и била наречена „Новата бања“. Биле изградени вили и хотели на обете страни на „Алејата на чинарите“.

Во 1930-тите, Вршец бил популарно одморалиште меѓу бугарската елита. Бањското казино, кое е во центарот на Вршец, покрај старите и новите бањи, било изградено во 1924 година.

Со Указ бр.546 на Президиумот на Народното собрание од 7 септември 1964 година, Вршец бил прогласен за град.Урбанизационният процес в България през периода от края на Втората световна война до наши дни, География, 3/2009.

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Вршец

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Монтана