мини|десно|260п|Сателитска снимка на Опскиот Залив.

Опски Залив () — залив во Северноледениот Океан. Се наоѓа во северна Русија на устието на реката Об."Gulf of Ob." Earthsnapshot.com . . Претставува најдолго устие на светот.

Географија Устието на Опскиот Залив се наоѓа во Карското Море помеѓу Гиданскиот и Јамалскиот Полуостров. Долго е околу 1.000 км и широко од 50 до 80 км. Се протега во правец север-југ. Заливот е релативно плиток, со просечна длабочина од 10 до 12 м, поради што е непогоден за тешки пловила. Тазовското Устие е источен страничен ракав образуван од реката Таз.

Во устието на Об има неколку острови како островот Халеј. Сите тие се блиску до брегот и имаат нозок релјеф. Прогласени се за заштитени моклишта според Рамсарската конвенција. Понасевер сè до Карското Море заливот нема острови, со исклучок на неколку крајбрежни како Халевнго и Њавиго.

Белугите сезонски се селат во Опскиот Залив.Solovyev A. B..Platonov G. N.. Glazov M. D.. hpak V. O.. V. V. Rozhnov V. V.. 2012. "Distribution of beluga whales (Delphinapterus leucas) in the Russian Arctic seas according to the results of expedition aboard RV Mikhail Somov, September–November 2010. December 2012, Biology Bulletin, Volume 39, Issue 7, pp.654–658, , SpringerLink

Фосилни горива На ова подрачје има мошне големи лежишта на природен гас и нафта. На запад е Јамалскиот проект за искористување на ресурсите од Јамалскиот Полуостров. На југоисток е Јамбуршкото гасно поле, трето гасно поле по големина во светот, сместено меѓу јужниот дел на заливот и Тазовското Устие на исток. Нафтата и гасот од изворите се пренесуваат преку цевковод и по железница.

На западниот брег на заливот во Сабета е изградено пристаниште за пренос на гас. Почнало да стопанисува во декември 2017 г., товарејќи го првиот носач на течен природен гас (ТПГ).

Претпријатието „Газпром“ има терминал за товарање нафта во блиските води, предвидено да работи и кога мразот е дебел преку 2 метра.

Поврзано Об

Наводи

Надворешни врски

Острови во устието на Об Заштитени моклишта на Опскиот Залив Многу темелена расправа за Опскиот Залив

Категорија:Заливи во Карското Море Категорија:Географија на Јамало-ненецкиот автономен округ Категорија:Об Категорија:Рамсарски места во Русија