„Св. Петка Римска“ — параклис, народно позната како црква, во скопското село Дивље, Општина Петровец. Му припаѓа на Северноскопското архијерејско намесништво во Скопската епархија на МПЦ - ОА. Храмот е сместен југозападно од селото.
Во овој храм, верниците доаѓаат на Петковден и го прославуваат празникот. Веднаш до храмот се изградени бетонски маси и клупи каде што се приложува ручек.
Во храмот се наоѓаат два од неколкуте камени крстови што ги има и во останатите храмови и на околните ридови.
Историја Во летото 2007 година, биле правени градежни активности и бил поставуван тротоар околу параклисот.
Галерија
Поврзано Црква „Успение на Пресвета Богородица“ Параклис „Св. Илија“ Параклис „Св. Недела“ Параклис „Пресвета Богородица“ Северноскопско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Дивље