ДесперадоНа македонски, како и на други јазици, е едноставно транскрибиран насловот од шпански — Desperado — што во превод значи „очаен“. (; превод: Очаен) — акционен филм со елементи на вестерн во режија и производство на Роберт Родригес, објавен во 1995 г. Тоа е вториот филм во мексиканската трилогија на Родригес, која започнала во 1992 г. со „Ел Маријачи“, а завршила во 2003 г. со „Си било еднаш во Мексико“. „Десперадо“ бил премиерно прикажан на Канскиот кинофестивал во 1995 г., каде што филмот бил прикажан надвор од конкурсот.
Главните улоги во „Десперадо“ ги играле Антонио Бандерас и Салма Хајек. Филмот му донел слава на Бандерас и ја претставил Салма Хајек пред американската публика. Пријателот на Родригес, Квентин Тарантино имал мала улога на почетокот на филмот. Карлос Гаљардо, кој ја играл улогата на Ел Маријачи во првиот филм од трилогијата, играл и во овој филм, но во друга улога.
Содржина Поранешниот музичар и револверист, Ел Маријачи, пристигнува во мал мексикански граничен град по долго отсуство. Неговото минато брзо го фаќа и тој набрзо се заплеткува со месниот наркогазда, Бучо, и неговата банда, кои ја убиваат неговата девојка и му пукаат во раката.
Улоги ГлумецУлогаАнтонио БандерасЕл МаријачиСалма ХајекКаролинаСтив БушемиБушемиЖоаким де АлмеидаБучоКарлос ГомесДесна РакаТито ЛариваТавоАнхел АвилесЗамираДени ТрехоНавахасАбрахам ВердускоНињоКарлос ГаљардоКампаАлберт Мишел ПомладиотКиноЧич Мариннискиот шанкерКвентин Тарантинодоставувачот
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови Категорија:Филмови од 1995 година Категорија:Американски филмови