Словенечки пасоши () ― лични документи кои се издавани на државјани на Словенија за да им се олесни меѓународното патување. Секој словенечки граѓанин е и државјанин на Европската Унија.Пасошот, заедно со националната лична карта овозможува слободни права на движење и престој во која било од државите на Европската унија, Европската економска област и Швајцарија, како резултат на правото на слободно движење и престој дадено во член 21 од Договорот за ЕУ.Treaty on the Function of the European Union (consolidated version)
Словенечката лична карта важи и за патување во повеќето други поранешни југословенски републики: Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија.
Физички изглед Словенечките пасоши се со иста бургундска боја како и другите европски пасоши, со словенечкиот грб исцртан во средината на предната корица. Зборовите (македонски: Европска Унија) и (македонски: Република Словенија) се испишани над грбот и зборот (македонски: Пасош) е впишан подолу. Пасошите издадени во службено двојазични области на Словенија исто така имаат италијански или унгарски текст под словенечкиот. Овие се , и на италијански и , и на унгарски. Словенечките пасоши го имаат стандардниот биометриски симбол на дното и го користат стандардниот дизајн на ЕУ.
Барања за виза лево|мини|350п|Земји и територии со безвизен влез или визи при пристигнување за иматели на словенечки пасоши.
Од јануари 2023 година, словенечките граѓани имале безвизен или визен пристап при пристигнување во 182 земји и територии, што го рангирал словенечкиот пасош на 11-то место во однос на слободата на патување (исто место со унгарскиот, латвискиот, литванскиот и словачкиот пасош) и највисок ранг на поранешните држави Југославија, според Пасошкиот индекс на Хенли.
Поврзано
Пасоши на Европската Унија Услови за виза за словенечките граѓани
Наводи
Надворешни врски
Брошура за словенечки биометриски пасош (pdf датотека) Категорија:Надворешни односи на Словенија Категорија:Пасоши по земја Категорија:Пасоши на Европската Унија Категорија:Лични документи на Словенија Категорија:Никулци за Словенија Категорија:Никулци за пасоши Категорија:Статии со извори на словенечки (sl) Категорија:Статии кои содржат текст на словенечки јазик