мини|220x220пкс| Лашко Златорог. Пивото во Словенија доминира пазарот на светлите пива. Најпознатите брендови на словенечко пиво, сега обединети под исто претпријатие, се Лашко и Унион, иако постојат голем број помали пиварници.
Историја На територијата на денешна Словенија имало неколку помали пиварници пред 19 век. Првата пиварница за одлежано пиво, Пивара Лашко, е основана во 1825 година во Лашко.
Денес, две главни пива доминираат на пазарот и двете пивари моментално се под сопственост на Пивара Лашко (Pivovarna Union) по купувањето на пиварата Унион (Pivovarna Union) со Interbrew. Двете пивари нудат различни пива, но најпопуларни се обичните одлежани пива, пивото Унион и пивото Лашко/Златорог. Главното пиво е одлежано, кое е пиено во над 95% од случаите.
Бидејќи и двете се одлежани пива, пивата се слични. Лашко е малку погорчливо. Унион е пивото на главниот град, Љубљана и Лашко повеќе е пиено на други места. Проценките му даваат на пивото Лашко 60% пазарен удел.
Заедно со двете главни пиварници во земјата има околу 127 други пиварници.
Поврзано
Наводи
Категорија:Пивото во Словенија Категорија:Никулци за Словенија