Северен Магинданао (, , џави: دايرت نو اوتارا مڬیندانو; , ڤروبنسيا ا ڤڠوترن مڬیندانو) — покраина во автономниот регион Бангсаморо на Филипините, сместена на островот Минданао. Седиште е општината Дату Один Синсуат. Се граничи со покраините Котабато на исток, Јужен Ланао на север, Јужен Магинданао на југоисток и Султан Кударат на југ.
Најголем град е Котабато кој е управно независен од покраината, но се вбројува кон неа од географски и законодавни причини.
Историја Идејата за создавање на покраината датира од 2006 г. со основањето на краткотрајната покраина Шариф Кабунсуан, која по две години била вратена во покраината Магинданао.
Северен Магинданао е основан во 2022 г. со поделбата на тогашната покраина Магинданао на два дела: Северен и Јужен Магинданао. Ова се случило по спроведениот референдум на 17 септември истата година.
Градови и општини Северен Магинданао е сочинет од 1 независен град, 12 општини и има 1 законодавен округ.
+Град/општинаНаселение(2020)Површина(км2)Густина(жит./км2)БарангаиБарира36.143392,69214Булдон39.684429,49215Дату Бла Т. Синсуат28.243147,219013Дату Один Синсуат 116.768461,825034Кабунталан25.439371,16917Котабато 325.079176,01.80037Матаног36.034146,52508Паранг102.914850,812025Северен Кабунталан26.277106,825011Султан Кударат105.121712,915039Султан Мастура25.331242,110013Талитај17.46362,92809Упи59.004742,97923
Белешки
Наводи
Категорија:Покраини на Филипините Категорија:Бангсаморо Категорија:Држави и територии настанати во 2022 година