Лидија Иваноска (, Белград) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Филмографија Иваноска ги остварила следниве филмски улоги:

1979: „Наши години“ 1986: „Климент Охридски“ 1994: „Прекалени“ 2001: „Прашина“ 2004: „Големата вода“

Животопис Лидија Иваноска е родена во Белград во 1938 година. Како ученик ја посетува Средната театарска школа во Нови Сад. Првиот професионален ангажман во Македонија го добива во Народен театар Штип во 1958 година. Своите по значајни актерски остварувања ги постигнува во Народен театар "Војдан Чернодрински" во Прилеп, каде е вработена од 1959 до нејзиното пензионирање во 2002 година.

Како глумица ќе биде запамтена по улогите: Лаура ("Татко" од Стримберг"), Леа ("Лисица и грозје" од Фигирадо), Мајката ("Крвави свадби" од Лорка), Фатиме ("Солунски патрдии" од Миле Поповски) и други...

Таа е добитник на повеќе награди, меѓу кои: Наградата на Општина Прилеп - „3 Ноември“, Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“ и други.

Нејзин сопруг е глумецот Трајче Иваноски.

Надворешни врски

Категорија:Македонски глумици Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци Категорија:Глумици од Белград