Западен Давао (, ; ) — покраина во регионот Давао на Филипините, сместена на островот Минданао. Седиште е општината Малита. На исток се наоѓа Давајскиот Залив. На југ дели и морска граница со индонезиската покраина Северен Сулавеси.

Историја Султанско време Подрачјето на Западен Давао било во состав на Султанатот Магинданао (освен Сарангани), а подоцна влегол во Султанатот Буајан.

Американско колонијално време Територијата на денешен Западен Давао била дел од поранешната покраина Давао која го зафаќала целиот денешен регион Давао. Според законот од 1904 г. добар дел од подрачјето до денешна Малита на север било во состав на општината Санта Крус, денес во Јужен Давао. Домородци на подрачјето биле лумадските племиња како Матигсалузите и Тагакулосите. На почетокот на XX век почнале да доаѓаат доселеници од Лусон и Висајските Острови, смешувајќи се со домородното население; со време потомците на доселениците станале мнозинство. Чистите домородци денес се мало малцинство, и живеат претежно во шумските и планинските краишта на покраината.

Општината Малита е основана на 13 ноември 1936 г. Тој била првата паланка на територијата на Западен Давао, и подоцна станал покраинско седиште. Подоцна се појавиле уште гратчиња: Тринидад (денес Хосе Абад Сантос) во 1948, Санта Марија во 1968 г., Дон Марселино во 1979 и Сарангани во 1980 г.

Осамостојување На 8 мај 1967 г. покраината Давао е поделена на три покраини, од кои едната е Јужен Давао. Во оваа покраина биле општините кои подоцна се одвоени во Западен Давао.

Основање Западен Давао е основан со законот од 23 јули 2013 г. со одземање на пет општини од покраината Јужен Давао. Одлуката е ратификувана на референдум одржан на 28 октомври 2013 г.

Географија Западен Давао зафаќа површиина од и се ноаѓа на југозападниот крај на регионот Давао на островот Минданао. Покраината се граничи со Јужен Давао на северозапад; Сарангани на запад и Давајскиот Залив на североисток.

Релјефот е претежно планински. Источниот брег има ридови на чие подножје се наоѓаат плажи. Покраината е прилично обрасната со растителност, особено со кокосови палми и тврди дрва.

Управа На чело на покраината стојат управник и вицеуправник. Целата покраина е опфатена од еден конгресен округ. Седишттето е во општината Малита, најголема во покраината.

Општини Западен Давао е сочинет 5 општини.

+ОпштинаНаселение(2020)Површина(км2)Густина(жит./км2)БарангаиДон Марселино45.540407,311015Малита 118.197883,413030Санта Марија57.526175,033022Сарангани22.51597,723012Хосе Абад Сантос73.381600,012026

Стопанство Најважни стопански гранки на Западен Давао се рибникарството и земјоделството. Се произведуваат риби, банани и кокосови ороеви кои потоа се продаваат во неколку поголеми градови на јужен Минданао како Давао. Оризовите полиња се ограничени на малобројните рамни површини поради шумско-планинскиот карактер на крајот.

Средиште на трговијата е главната општина Малита.

Во покраината почнал да се развива и туризмот, и тоа по крајбрежните плажи и на островите Сарангани и Балут на југ.Top 10 Must Visit Attractions in Davao Occidental

Наводи

Надворешни врски

Службен портал на Западен Давао

Категорија:Покраини на Филипините Категорија:Давао (регион) Категорија:Држави и територии настанати во 2013 година