4400 е научнофантастична серија што ја раскажува приказната за 4.400 луѓе, исчезнати во период од 50 години, кои се враќаат во исто време и не се сеќаваат каде биле ни што се случило со нив. Некои од нив сега имаат и чудни способности, добри или лоши.

Серијата има номинации за престижната тв награда ЕМИ и тоа за најдобра серија и сценарио. Снимени се 4 сезони со вкупно 45 епизоди, пред да биде укината на 18 декември, 2007.

Во Македонија, 4400 премиерно се емитува на Сител телевизија.

Категорија:Телевизиски серии со почеток во 2004 година