Мегаклита () или — месечина на Јупитер. Откриена е во 2000 г. од екипа астрономи од Хавајскиот универзитет под водство на Скот Шепард и ја добила првичната ознака .MPEC 2001-A29: S/2000 J 7, S/2000 J 8, S/2000 J 9, S/2000 J 10, S/2000 J 11 15 јануари 2001 г. (откривање и ефемерида)IAUC 7555: Satellites of Jupiter 5 јануари 2001 г. (откривање)MPEC 2001-T59: S/2000 J 8, S/2000 J 9, S/2000 J 10 2001 октомври 15 г. (поправена ефемерида)
Месечината има пречник од 6 км и кружи околу Јупитер на просечно растојание од 24.687.000 км за 747,09 дена. Има наклон од 150° кон еклиптиката (148° кон Јупитеровиот екватор), повратна насока и занос од 0,308.
Името го добила во октомври 2002 г. кога е наречена по Мегаклита, љубовница на Зевс (Јупитер) и мајка на Теба и Локро во старогрчката митологија.IAUC 7998: Satellites of Jupiter 22 октомври 2002 г. (именување на месечината „Мегаклита“)IAUC 8023: Satellites of Jupiter 29 ноември 2002 г. (исправка на името)
Ѝ припаѓа на Пасифаината група на неправилни повратни месечини кои кружат околу Јупитер на растојанија од 22,8 до 24,7 Гм со наклони од 144,5° до 158,3°. Меѓутоа, додека Пасифаја е сива (B−V=0,74, V−R=0,38, V−I=0,74) по боја, Мегаклита е светлоцрвена (B−V=0,94, V−R=0,41, V−I=1,05) слично на Калироја.
Наводи
Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Пасифаина група Категорија:Неправилни месечини Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Откритија на Дејвид Џуит Категорија:Астрономски тела откриени во 2000 година Категорија:Месечини со повратна орбита