десно|мини| Карпи во Телашќица. мини| Заливот Телашќица. Телашќица ― залив во југоисточниот дел на островот Дуги Оток, Хрватска, во Јадранското Море. Тоа е назначен природен парк, полн со диви животни и морски суштества.

Географија десно|мини| Карпи во Телашќица. Телашчица е 10 км долга, широка 160–1800 м, со длабок довод прошаран со карпи, островчиња и заливи. Карпите на Дуги Оток, месно наречени стени (stene), се издигнуваат до 161 м надморска височина и се спуштаат до длабочина од 90 м. Заливот Телашќица, кој всушност се состои од три помали заливи, е добро, безбедно пристаниште за сите видови пловни тела. Североисточната страна на заливот е целосно гола, но југозападниот брег е покриен со густа шума од борови, маслинки и смокви.Radovinovič, Radovan (1999), The Croatian Adriatic, p. 192, Naklada Naprijed, Во заливот има шест островчиња и карпи: Коротан, Галијола, Гоздењак, Фарфарикулац, Горњи Шкољ и Доњи Шкољ. Езерото Мир е морско водно езеро на тесен појас на копно помеѓу заливот Телашчица и отвореното море. Езерото е солено поради подземните врски со морето.

Поврзано

Заштитени подрачја во Хрватска Привремен список на места на светско наследство во Хрватска

Наводи

Надворешни врски

Мрежна страница на паркот Телашќица

Категорија:Заштитени подрачја во Задарска жупанија Категорија:Дуги Оток Категорија:Земјишни облици во Задарската Жупанија Категорија:Природни паркови во Хрватска