мини|Чај од мача со меурчињаЧај со меурчиња, наречен и како чај со балончиња, чај со топчиња, бисерен чај или меурав чај — чаен пијалак создаден во Тајван во раните 1980-ти. Во чајот најчесто се додаваат топчиња тапиока, но можат да се стават и други додатоци. Чајот со меурчиња доаѓа во различни видови и вкусови, но најчесто се прави со црн или зелен чај и млеко.
Пијалакот станал особено популарен во Источна и Југоисточна Азија во 1990-тите. Неговата потрошувачка прекумерно расте кај младото население во Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур, Малезија, Виетнам и на други места. Подоцна се здобил со популарност и на запад, вклучително и во Македонија.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Чај Категорија:Пијалаци Категорија:Чајна култура