Деловен човек (француски: Un homme d'ffaires) ― расказ на Оноре де Балзак. Објавен е во 1845 година и е една од Париските сцени на Човечка комедија. Тоа било единственото завршено дело што Балзак го објавил во 1845 година.

Резиме на заплетот За време на забавата што е одржувана во домот на куртизаната, Малага, адвокатот Дерош на другите гости им раскажува приказна за аристократот Максим де Трајле.

Де Трајле позајмил многу пари и одбива да ги плати долговите. Двајца париски деловни луѓе Серизе и Клапарон ги купуваат мениците на Де Трајле од неговите должници и тргнале да ги наплатат долговите пари. Серизе се обидува да го поврати долгот со посета и соочување со Де Трајле кој бара исплата. Де Трајле одбива.

Во меѓувреме, Де Трајлес купил читална за да управува со неговата љубовница госпоѓица Антонија Шокардел. На предлог на Кроазо, еден од редовните гости во читалната, Антонија му кажува на Де Трајле за некој вреден мебел што сака да го купи во вредност од 4000 франци. Вели и дека и е досадно да ја води читалната. Така, тие ја продаваат читалната на еден купувач кој Кроазо им го договорил, и го носат готовината со себе за да го купат мебелот. Кога ќе стигнат до местото за да го купат мебелот, сопственикот излегува дека е Серизе маскиран. Така Серизе може да добие целосна исплата на долговите.

Наводи

Надворешни врски

„Деловен човек“, превод (од Клара Бел) во проектот Гутенберг (целосен текст)

Категорија:Раскази од Оноре де Балзак Категорија:Книги од Човечка комедија Категорија:Француски раскази Категорија:Раскази од 1845 година