Јордан Пенџерковски (Битола, 10 септември 1925 – Скопје, 1981) — македонски-југословенски геолог.
Животопис Основно и средно образование завршил во родното место. Дипломирал во 1952 година, на Групата за геологија на ПМФ при Универзитетот во Белград. По дипломирањето се вработил во Геолошкиот завод на РМ, во Институтот за истражување минерални суровини. Во меѓувреме, во 1965 година, докторирал на Рударско-геолошкиот факултет во Белград на темата „Геолошки состав и тектонски склоп на централниот дел на Осоговските планини со осврт на појавите на Пб-Зн на подрачјето Саса-Тораница”. Долго работел на Геолошкиот завод на РМ во Скопје како научен советник. Во 1977 година, се вработил на Географскиот факултет како вонреден професор по предметите геологија со петрографија и историска геологија. Автор е на голем број трудови од областа на геологијата. Особено се истакнува како автор на Геолошката карта на РМ во размер 1:200000. Починал во 1981 година во Скопје.
Поврзано
Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Петар С. Јовановиќ Димитар Јаранов Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски
Душан Манаковиќ Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски Војислав Радовановиќ
Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски
Наводи
Категорија:Починати во 1981 година Категорија:Македонски геолози Категорија:Југословенски геолози Категорија:Македонски картографи Категорија:Југословенски картографи Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски професори