Свети Илија — манастирска црква на Орашачкиот манастир во кумановското село Орашац, Македонија.

Во непосредна близина на црквата се наоѓа Орашачкиот даб, кој е прогласен за споменик на природата од 1967 година.

Местоположба

Црквата се наоѓа два километри источно од селото, до која се стигнува преку земјен пат по исклучувањето за самото село Орашац, лево од регионалниот пат Куманово-Свети Николе.

Кај манастирската црква се наоѓа изворот „Вруќа Вода“ (Топла Вода).

Историја

Црквата била изградена во текот на Првата светска војна.

На Илинден се собираат гости од околните 10-15 села.

Галерија

Поврзано Кумановско-осоговска епархија Кумановско-кратовско архијерејско намесништво Орашачка парохија

Наводи

Надворешни врски

Орашац Категорија:Орашачки манастир