1898 Француската академија на науките објави дека Марија Склодовска - Кири, хемичар и физичар од полско потекло откри нов елемент кој го доби името радиум. 1913 Општинскиот театар во Битола ја одржал првата кинопретстава. Прикажана е премиерата на филмот „Градинарот Лаврициус“. 1943 Германците објавиле дека во окупираниот дел на Русија, во Катинската шума нашле масовни гробници со повеќе од 4.000 поранешни полски воени заробеници кои силите на СССР претходно ги заробиле по нападот на Полска во 1939-40 г. Откритието ги нарушило односите меѓу СССР и другите сојузници во Втората светска војна. Русија го признала масакрот дури во 1990 г. 1970 Експлодирал еден од двата резервоари со кислород во вселенското летало „Аполо 13“ и екипажот бил во смртна опасност сѐ до враќањето на Земјата четири дена подоцна. 13 април
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 13 април (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.