1865 Во театарот „Форд“ во Вашингтон, Џон Вилкс Бут го застрелал претседателот на САД Абрахам Линколн. 1894 Во Њујорк е претставен кинетоскопот на Едисон, апарат за гледање на подвижни слики — претходник на филмот. 1912 Британскиот патнички пароброд „Титаник“ на своето прво патување преку Атлантикот кон Њујорк, удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и потонал следното утро при што загинале 1503 луѓе. 1915 Турција извршила инвазија на Ерменија. Политичките обвинувања за тоа дека Турција извршила геноцид врз десетици илјади лица во Ерменија постојат и денес. 1941 Усташите се задолжени за управувањето со Независната Држава Хрватска од Силите на оската по инвазијата врз Југославија од 6 април истата година. 1992 Во гарнизонот во Охрид пристигнал првиот регрут на Армијата на Република Македонија. 1994 Цариниците во Република Македонија за првпат го одбележаа својот празник — Ден на Царинската служба на Република Македонија. 1995 Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставиле дипломатски односи. 14 април
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 14 април (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.