Џами Атик (турски: Cami Atik) — поранешно скопско маало.
Местоположба Маалото се протегало северно од Економскиот факултет, до улицата „Петре Георгиев“. На исток се граничело со маалото Исмаил Војвода, на север со Ибни Шахин, на запад со Мурадије и на југ со Хаџи Теџедин. Од плоштадот „Македонија“ било оддалечено 980 метри североисточно.
Историја лево|мини|220п|Маалото во 1931 година. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 53 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 113 мажи муслимани, со 10 новороденчиња. Исто така имало и 1 христијанско домаќинство. Се проценува дека маалото во тој период имало 282 жители.
Сегашност Денес јужниот дел на некогашното маало е во рамките на Економскиот Факултет, додека во средишниот дел се наоѓа Султан Муратовата џамија и Турбето на Иса-бег.
Наводи
Категорија:Стари скопски маала Категорија:Општина Чаир