мини|290x290пкс| Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година. Исакие (турски: İsâkiye) — старо скопско маало.

Местоположба Маалото се протегало северно од Бит-пазар. Од плоштадот Македонија било оддалечено 1100 метри североисточно.

Историја Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 23 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 55 мажи муслимани, со 7 новороденчиња. Исто така имало и 3 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 130 жители.

Сегашност Низ северниот дел на некогашното маало поминува булеварот „Никола Карев”. Во неговите граници се наоѓа Алаџа-џамијата и полициска станица „Бит Пазар”.

Наводи

Категорија:Стари скопски маала