мини|299x299пкс| Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година. Капуџи Хамза (турски: Kapıcı Hamza) — старо скопско маало.

Местоположба Маалото се наоѓало јужно од Хаџи Јонус и северно од Уруч Паша, на крајниот западен дел од тогашното Скопје, покрај муслиманските гробишта на Гази Баба. Од плоштадот Македонија било оддалечено 1500 метри североисточно.

Историја Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 80 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 134 мажи муслимани, со 26 новороденчиња. Исто така имало и 22 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Имало и само едно христијанско домаќинство, без новороденчиња. Се проценува дека маалото во тој период имало 368 жители.

Сегашност Денес на местото на маалото има многу густо збиени куќи и тука поминува улицата „7 Албанска Бригада”.

Наводи

Категорија:Стари скопски маала