мини|309x309пкс| Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година. Исмаил Војвода (турски: İsmail Voyvoda) — старо скопско маало.

Местоположба Маалото се наоѓало во средишниот дел на тогашното Скопје. Јужно од него било маалото Хаџи Касим, на запад Џами Атик, а на север било маалото Кара Капуџу. Од Камениот мост било оддалечено 920 метри.

Историја Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 27 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 63 мажи муслимани, со 5 новороденчиња. Исто така имало и 3 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 142 жители.

Сегашност Денес ова маало е наполно урбанизирано и во неговите граници се наоѓа ОУ „Битолски Конгрес“ .

Наводи

Категорија:Стари скопски маала