Усман Диоманде (роден на 4 декември 2003 година, во Абиџан) — брежански фудбалер, играч од одбраната на и на репрезентацијата Брег на Слоновата Коска.
Технички карактеристики Висок централен одбранбен играч, физички моќен со добра контрола на топката. Меѓу неговите останати квалитети се вбројуваат неговата визија и брзина, а познат е и по забележителните кратки додавања, дриблингот, позиционирањето, антиципирањето на противникот и навремените лизгачки стартови.
Клупска кариера Почетоци Својата кариера Диоманде ја започнал во клубот Олимпик Спорт Абобо во неговата родна Брег на Слоновата Коска, на кој му се приклучил на 10-годишна возраст.
Во јануари 2020 година, тој се преселил во младинската академија на данскиот клуб Мидтјиланд. Не можејќи да избори настапи за првиот тим, на 5 август 2022, Диоманде бил позајмен на португалската екипа Мафра на заем до крајот на сезоната. Своето деби за клубот го направил веќе следниот ден, во поразот со 3–1 од Оливеиренсе во втората португалска лига.
Тој одиграл 13 натпревари за Мафра во првиот дел од сезоната, а неговите настапи биле толку импресивни што дури го привлекле вниманието на скаутите на Спортинг Лисабон, а португалскиот гигант наскоро стапил во контакт со Мидтјиланд за купување на младиот централен дефанзивец.
Спортинг Лисабон На половината од сезоната позајмицата на Диоманде во Мафра била прекината и тој добил зелено светло да се пресели во Спортинг Лисабон на 31 јануари 2023 година, потпишувајќи договор до јуни 2027 година. Сумата на трансферот изнесувала 7,5 милиони евра, што би можела да се зголеми до 12,5 милиони евра доколку се остварат некои бонуси. Исто така, Митјиланд задржал право на 20% од сумата што Спортинг би ја добил при евентуален иден трансфер на Диоманде. Во договорот на Диоманде со Спортинг била вметната и ослободителна клаузула, која била поставена на 80 милиони евра.
Своето деби за Спортинг го имал на 7 февруари, влегувајќи од клупата на местото на Матеус Реис во последните минути од победата со 1-0 на гостувањето кај Рио Аве во најсилната лига на Португалија.
Репрезентативна кариера Диоманде дебитирал за репрезентацијата на Брег на Слоновата Коска на 9 септември 2023, во победата со 1-0 над Лесото во Сан-Педро во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2023.
Откако Брегот на Слоновата Коска се квалификувала за Африканскиот куп на нации 2023, натпреварување на кое биле и домаќини, Диоманде бил повикан од селекторот Жан-Луј Гасе да ја претставува својата земја на турнирот. На 6 јануари 2024 година, во подготвителен пријателски натпревар пред почетокот на турнирот против Сиера Леоне (5-1), тој го постигнал својот прв гол за репрезентацијата.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 21 септември 2023. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2022-јан. 2023 Л2 13 0 КП+ЛКП 1+3 0+1 - - - - 17 1 фев.-јун. 2023 ПЛ 13 1 КП+ЛКП - - ЛШ+ЛЕ -+4 0 - - 17 1 2023-2024 ПЛ 5 1 КП+ЛКП 0 0 ЛЕ 1 1 - - 6 2 Вкупно Спортинг Лисабон 18 2 0 0 5 1 - - 23 3Вкупно во кариерата 31 2 4 1 5 1 - - 40 4
Титули Клупски Спортинг Лисабон Примеира лига : 2 2023-2024, 2024-2025 10px Куп на Португалија : 1 2024-2025
Репрезентативни Брег на Слоновата Коска Африкански куп на нации : 1 Брег на Слоновата Коска 2023
Наводи
Надворешни врски
Усман Диоманде на soccerway Усман Диоманде на transfermarkt Усман Диоманде на espn Усман Диоманде на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Брежански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон