Панде Ефтимов, цело име Панде Сотиров Ефтимов (Претор, 15 март 1932 — 13 август 2017, Софија) — македонски новинар, поет и општественик. Познат за откривањето на Битолскиот натпис.Камъкът на страха

Биографија Панде Ефтимов е роден во 1932 година во ресенското село Претор, тогаш во Кралство Југославија.Стоянова, Вержиния. Българи от близката чужбина Македония, Албания, Сърбия, Румъния, Молдова, Украйна, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 2005, стр.43 Внук е на револуционерот од МРО, Панде Суџов. Основно школско образование завршил во Претор, и за средношколско образование, во гимназиите во Ресен и после во Битола. Тој се запишал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“.Досието „Галичица“ и прекършената съдба на Панде Евтимов, София, Македонски научен институт, 2021, с. 10.Панде Ефтимов: Българските войници са погребвани в македонските села, защото са се били за своя земя, на своя земя, Агенция Фокус Во 1948 година, тој станал член на промакедонска нелегална организација, позната како ВМРО - ПРАВДА, заедно со Дане Поповски и Илија Христов од Царев Двор, Григор Крстевски од Прилеп, Коста Смичков, и други. Во 1949 година, тој учествувал во конгресот на ВМРО-ПРАВДА во Стари Град. Покрај почетокот на 1950-тите, тој почнал да работи како учител во Стрежево, Лера, Дихово, Цапари и Долно Дупени. Во 1960 година, тој се вработил како новинар во Радио Скопје, а потоа - во весникот „Народна просвета“.

Учествувал во други родољубиви групи, со главна цел Македонија да стане независна, заради тоа тој бил уапсен и затворен од страна на југословенските власти. Во 1955 и 1957 година, тој без суд и казна влегол во затвор.Досието „Галичица“ и прекършената съдба на Панде Евтимов, София, Македонски научен институт, 2021, с. 10. во 1972 година е осуден за криминалски дејности и биле казнат за три години во затвор.Досието „Галичица“ и прекършената съдба на Панде Евтимов, София, Македонски научен институт, 2021, с. 291-292. Но кога Македонија добила независност, тој бил ослободен. После 1986 година, учествувал во процесот на основањето на ВМРО-ДПМНЕ.Жестока реторика меѓу основачите на ВМРО-ДПМНЕ, в. Утрински весник, 02.09.2012 г. До 1992 г. не добил лични документи лична карта или пасош.Досието „Галичица“ и прекършената съдба на Панде Евтимов, София, Македонски научен институт, 2021, с. 113, бел. 154. Во 2001 година објавил две книги со поезија. Умрел на 13 август 2017 година, во Софија, после различни болести.Почина един от най-големите пазители на българщината в Македония – Панде ЕфтимовНа 85 години си отиде Панде Ефтимов – един от най-големите пазители на българщината в Македония На 25 јуни 2018 година, тој посмртно бил награден со орденот „Стара Планина“ втор степен.Указ № 165 за награждаване посмъртно на Панде Сотиров Ефтимов с орден „Стара планина“ втора степен

Фалсификати и манипулации Неговите обиди за фалсификување на македонската историја се забележани во бугарскиот пропаганден документарен филм „Камъкът на страха“, во кој Пандев ја лажел јавноста дека во Преспа сите говореле бугарски јазик, а самиот тој не знае да изусти ниту една бугарска реченица (иако бил учител). Дополнително ја изнесува лагата дека Битолскиот натпис бил криен, а во истиот документарец, бугарскиот истражувач Заимова потврдила дека тие слободно работеле во битолскиот музеј со самата плоча.

Наводи

Категорија:Починати во 2017 година Категорија:Родени во 1932 година Категорија:Починати во Софија Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски новинари Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски новинари Категорија:Југословенски дисиденти Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Бугарофили Категорија:Бугаромани Категорија:Бугарски фалсификатори Категорија:Македонски затвореници и притвореници Категорија:Југословенски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници во Македонија Категорија:Затвореници и притвореници во Југославија