„Денот на ѕверот“ (шпански El día de la bestia) е шпанско-италијански филм од 1995 година, во режија на Алекс де ла Иглесија (Alex de la Iglesia), кој е коавтор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Алекс Ангуло (Álex Angulo), Армандо де Раѕа (Armando De Razza), Сантјаго Сегура (Santiago Segura), Тереле Павес (Terele Pavez), Натали Сесена (Nathalie Sesena), Џејми Бланч (Jaime Blanch), Марија Грација Кукинота (Maria Grazia Cucinotta) и Џани Иполити (Gianni Ippoliti). Филмот, кој се смета за еден од најдобрите светски хорор-филмови од 1990-тите, е визуелно импресивен, а неговите главни својства се: сигурната режија, добрата глума и одличната музика. Филмот победил на неколку филмски фестивали, а имал дури 14 номинации за шпанската филмска награда „Гоја“ при што победил во шест категории (најдобар режисер, најдобар нов глумец, најдобар звук, најдобра сценографија, најдобра маска и најдобри специјални ефекти).Dan zvijeri, španjolsko-talijanski film (1995.) (пристапено на 13.1.2024)

Содржина Католичкиот свештеник Анхел Бериартуа, по долгогодишно проучување на верските книги, заклучува дека пропаста на човештвото ќе се случи со раѓањето на Антихристот кое ќе се случи на празникот Божиќ, некаде во Мадрид. Поради тоа, отец Анхел оди во Мадрид, каде на улиците владее хаос, како преднак на скорешната катаклизма. Барајќи ги знаците за местото и времето на раѓањето на Антихристот, тој запознава низа бизарни луѓе, кои му помагаат да ја изврши неговата мисија: насилниот љубител на хеви-металот Хосе Марија, водителот на една популарна телевизиска емисија и парапсихологот Кавана, сопственичката на еден пансион Росарио, девојката Мина која е опседната од телевизијата и убавата Сузана која се соочува со разни проблеми...

Наводи

Категорија:Филмови на Алекс де ла Иглесија Категорија:Филмови со Алекс Ангуло Категорија:Филмови со Марија Грација Кукинота Категорија:Филмови со Џани Иполити Категорија:Филмови со Армандо де Раѕа Категорија:Филмови со Сантјаго Сегура Категорија:Филмови со Тереле Павес Категорија:Филмови со Натали Сесена Категорија:Филмови со Џејми Бланч Категорија:Филмови на шпански јазик Категорија:Филмови од 1995 година Категорија:Шпански филмови Категорија:Италијански филмови Категорија:Хорор филмови Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Мадрид