Магалиново, наречено и МагулинТопографска карта лист 734 Berovo серия "ТК100" 1:100,000 на Vojnogeografski institut, JNA, 1989 или Маргулин — историско село на територијата на Општина Василево, Струмичко, денес во атарите на селата Доброшинци и Сушево.

Географија Селото се наоѓало во северозападнито дел на Струмичката Котлина, источно од Сушево.

Историја Според Јован Трифуноски во 1906 г. селото имало 10 македонски домаќинства. Во това време селото било чифлик на Али-бег од Струмица. Негов намесник бил Чауш, по народност Турчин или Албанец.

Кога во 1906 г. Чауш зел девојка од селото, селаните, потпомогнати од комити, го вратиле и испратиле во Бугарија. Стравувајќи од одмазда, сите селани го напуштиле Магалиново. Дел од нив се населиле во Василево. Во ова село Трифуноски го нашол семејството Магалински, по потекло од ова село.

Трифуноски го посетил местото и нашол остатоци од куќи стар селски бунар. При неговата посета таму затекнал штала за крави на земеделскиот комбинат ЗИК од Струмица.

Наводи

Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Доброшинци Категорија:Сушево (Струмичко)