Карачали или Кара Чали — историско село на територијата на Општина Василево, Струмичко, денес во атарот на Висока Маала.
Географија Селото се наоѓало на јужните падини на Огражден, северно од Струмица и на мало растојание јужно од Висока Маала.
Потекло на името Името на селото доаѓа од турскиот поим Kara Çalı, што значи „црн трн“.
Историја На крајот од XIX век Карачали било турско село во Струмичката кааза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Карачали имало 15 домаќинства сочинети од 34 муслимани. Според статистиката на митрополитот Герасим Струмички („Материали по географията. Струмишко“) од 1896 г. Кара-чали имало 10 куќи, сите муслимански. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Кара Чали имало 50 жители, сите Турци.
Наводи
Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Висока Маала