Црквата „Св. Атанасиј“ () — православна црква во Москополе, Албанија.
Историја и опис Црквата била подигната во 1721 година.Tassos A. Mikropoulos. Elevating and Safeguarding Culture Using Tools of the Information Society, p. 315 Црквата денес служи како гробна црква во Москополе. Таа е црква од типот на базилика, со средиштен кораб и два странични кораби, а се наоѓа на североисточната страна на Москополе, кај населбата Акамнел. Црквата има две куполи кои се наоѓаат на два главни столба и осум околни столбови. Димензиите на двата кораби се 19m x 10,50 м x 8 м, а должината на куполите достигнува до 9 м. Апсидите се украсени однадвор со седум свода на главниот влез и по четири сводa на секоја страна. Страничните сводови на врвот имаат мали прозорци. Клаустарот е долг 18,90 метри и широк 2,85 метри, опкружен со 6 свода, кои стојат на 5 столба, секој покриен со двојни капители.
На надворешните фрески на црквата е претставено старо писмо на влашки јазик, откриено во 2005 година. Натписот е напишан со грчка азбука: , во современиот влашки правопис , веројатно значи „Со раката Божја со Атанасис Филипу“ иако не се толкува еднозначно.
Црквата е прогласена за споменик на културата во Албанија. И покрај ова, нејзините икони биле украдени 5 пати од 1990 до 2010 година. При последната кражба биле украдени иконите насликани во 1724 година. лево|мини| Фескописот на припратата на црквата Свети Атанасиј
Наводи
Категорија:Православни цркви во Албанија Категорија:Споменици на културата во Албанија Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Храмови посветени на Свети Атанасиј Категорија:Цркви во Москополе