мини|десно|300п|Историска реконструкција на викиншкото истоварување во Ланс о Медоуз

Теории за претколумбовски прекуокеански контакт — шпекулативни теории што посочуваат на можни посети на Америка и/или можни контакти со американските староседелци што биле направени од луѓе од Африка, Азија, Европа и Океанија пред првото патување на Кристофер Колумбо до Карибите во 1492 година, т.е. за време на претколумбовскиот период. Проучувањата помеѓу 2004 и 2009 година укажуваат на можноста дека најраните човечки преселби во Америка веројатно биле направени со брод од Берингија и продолжиле надолу долж брегот на Тихиот Океан за време на или пред копнените преселби преку беринговиот копнен мост, којшто за време на леденото доба ги поврзувал подрачјата на денешен Сибир и Аљаска. Дали имало прекуокеански патувања низ историјата коишто довеле до претколумбовски контакт меѓу американските староседелци и патниците од други континенти е предмет на жестока дебата.

Само неколку примери на претколумбовски контакт се општо прифатени од страна на водечките научници и истражувачи. Јупиците и Алеутите, коишто живеат од двете страни на Беринговиот Проток, имале чести меѓусебни контакти, а евроазиски трговски добра биле откриени во археолошките наоѓалишта во Аљаска. Поморските истражувања на нордиските народи од Скандинавија во текот на 10. век довеле до нордиско населување на Гренланд и базниот камп Ланс о Медоуз во Њуфаундленд, што му претходи на Колумбовото патување до Америка за околу 500 години. Скорешните генетски проучувања укажуваат дека некои источни полинезиски народи имаат генетски примеси од крајбрежните народи во западните делови на Јужна Америка со проценет период на контакт околу 1200 година.

Научните и истражувачките реакции на другите тврдења за попраисториски, претколумбовски прекуокеански контакт се различни. Некои од овие тврдења се разгледани во угледни научно-истражувачки извори. Многу други тврдења се засноваат само на случајно или двосмислено толкување на археолошки докази, откритие на наводни неумесни артефакти, површни културолошки споредби, коментари во историски документи или раскажувачки записи. Ваквите тврдења биле отфрлени како гранична наука, псевдоархеологија или псевдоисторија.

Тврдења за австронезиски контакт Човечка генетика Помеѓу 2007 и 2009 година, генетичарот Ерик Торсби со свои колеги објавил две студии во списанието „Tissue Antigens“ во коишто се наведува дека има докази за американски староседелски генетски придонес во населението на Велигденскиот Остров и дека веројатно настанал пред откривањето на островот од страна на Европејците. Во 2014 година, генетичарката Ана-Сапфо Маласпинас од Центарот за геогенетика на Копенхашкиот универзитет објавила студија во списанието „Current Biology“ којашто открива човечки генетски докази за контакт меѓу населението на Велигденскиот Остров и Јужна Америка пред околу 600 години (1400 ± 100 години). Во 2017 година, сеопфатна геномна студија открила дека нема американски староседелски примеси во лицата со коишто бил остварен контакт пред и по откривањето на островот од страна на Европејците.

Во истражување објавено во 2013 година, два остатока од народот „Ботокудо“, што е поим којшто се користи за означување на американските староседелци коишто живеат во внатрешноста на Бразил коишто говорат јазици од семејството Макроже, било откриено дека се дел од хаплокрупата на мтДНК B4a1a1, којашто обично се среќава меѓу Полинезијците и другите подгрупи на Австронезијци. Овој наод е заснован врз анализа на четиринаесет черепи. Два од нив припаѓале на хаплогрупата B4a1a1, а останатите дванаесет припаѓале на поткладови на хаплогрупата C1 којашто е типична за американските староседелци. Истражувачкиот тим испитал различни сценарија, но ниедно од нив не можеле со сигурност да кажат дека е точно. Тие отфрлиле сценарио за директен праисториски контакт меѓу Полинезија и Бразил како „премногу неизгледно за да биде сериозно сфатено“. Иако B4a1a1 исто така се среќава меѓу Малагашите на Мадагаскар, каде што имало значителни австронезиски преселби во праисторијата, тврдењето дека присуството на B4a1a1 кај народот Ботокудо потекнува од трговија со африкански робови (вклучително и од Мадагаскар) авторите го опишале како „нереални“ предлози. Студија од 2020 година силно ја преиспитала претпоставката на трудот затоа што наводно се темели врз застарени расни поделби.

Во 2020 година, студија во списанието „Nature“ открила дека населението на Мангарева, Маркиските Острови, Пализерските Острови и Велигденскиот Остров имале генетски примес од староседелското население во Јужна Америка, којшто бил најблизок до ДНК на денешните припадници на народот Сену од тихоокеанскиот брег на Колумбија. Авторите укажуваат дека генетските белези веројатно се последица на единечен древен контакт. Тие укажале дека настанало мешање меѓу домородните Јужноамериканци и Полинезијците од источна Полинезија помеѓу 1150 и 1230 година, како и подоцнежно мешање на Велигденскиот Остров околу 1300 година, но посочиле и други можни сценарија за контакт (на пример, полинезиски патувања до Јужна Америка проследени со враќање на Полинезијците во Полинезија со Јужноамериканци или пренос на јужноамерикански гени). Некои истражувачи коишто не биле вклучени во студијата укажале дека контактот е поверојатно дека настанал во Јужна Америка.

Растителна генетика Генетиката на неколку растителни видови исто така била искористена за поткрепа на претколумбовскиот контакт преку Тихиот Океан. На пример, на западниот брег на Јужна Америка има генетски различна потпопулација на кокоси. Ова се наведува како доказ за воведување од страна на австронезиски морепловци.

Сладок компир мини|десно|200п|alt=Карта на светот којашто ја покажува распространетоста на слаткиот компир.|Распространетост на слаткиот компир. Црвените линии ја покажуваат веројатната распространетост благодарение на Полинезијците.

Слаткиот компир како зеленчук којшто потекнува од Америка бил распространет во Полинезија пред европските истражувачи да стигнат до Тихиот Океан. Со помош на радиојаглеродно датирање, присуството на слаткиот компир на Куковите Острови било проценето околу 1000 година. Современото сфаќање е дека бил однесен во средна Полинезија околу 700 година и распространет низ останатите делови од Полинезија оттаму.Van Tilburg, Jo Anne. 1994. Easter Island: Archaeology, Ecology and Culture. Washington D.C.: Smithsonian Institution Press Се наведува дека бил однесен од Полинезијци кои патувале преку Тихиот Океан до Јужна Америка и назад или дека Јужноамериканци го однеле во Полинезија. Исто така, можно е билката да пловела по океанот откако била исфрлена од товарен брод. Според „тристраната хипотеза“, филогенетската анализа укажува дека слаткиот компир од Јужна Америка бил воведен во Полинезија на најмалку два начина, од коишто едниот бил пред и другиот по контактот со Европејците. Сепак, други истражувачи тврдат дека слаткиот компир бил присутен во Полинезија пред околу 100.000 години, што е многу пред луѓето да го населат тој дел од светот.

мини|десно|200п|Слатки компири наменети за продажба во Темза, Нов Зеланд. Називот „кумара“ во новозеландскиот англиски навлегол од маорскиот и има широка употреба.

Холандските јазичари и стручњаци за американски староседелски јазици Вилем Аделар и Питер Мускен укажале дека поимот е заеднички за полинезиските јазици и јазиците во Јужна Америка. Праполинезискиот збор *кумала (за споредба, кумара на рапанујски, ’уала на хавајски, кумара на маорски; иако праобликот погоре е реконструиран, когнатите надвор од источнополинезиското јазично семејство се или заемки од источнополинезиските јазици или неправилни, што го доведува под знак прашалник праполинезиското потекло и периодот) можеби се поврзани со дијалектните кечуански и ајмарски зборови кумар ~ кумара; највеќе кечуански дијалекти всушност го корситат поимот апичу, но комал бил сретнат во изумрениот кањарски јазик на брегот на денешен Еквадор во 1582 година.

Аделар и Мускен тврдат дека сличностса во зборот за сладок компир скоро претставува доказ за случаен контакт меѓу мештани од подрачјето на Андите и јужниот Тихи Океан. Авторите наведуваат дека присуството на поимот за сладок компир посочува на редот контакт меѓу Полинезија и Јужна Америка, но не нужно на преселби.

Пилешка трева Пилешката трева (науч. Ageratum conyzoides) потекнува од тропските предели на Америка и била пронајдена на Хаваите од страна на Вилијам Хилебранд во 1888 година, кој сметал дека растела таму уште пред посетата на Џејмс Кук во 1778 година. Како поткрепа на преткуковото поткрепа се наведуваат староседелскиот назив меје парари или меј роре, воспоставената медицинска употреба на билката, како и употребата како мирис и во изработката на ѓерданот леи.

Куркума Куркумата (науч. Curcuma longa) потекнува од Азија, а постојат јазични и посредни докази за распространетоста и употребата на куркумата од страна на австронезиските народи во Океанија и на Мадагаскар. Гинтер Тесман во 1930 година (300 години по контактот со Европејците) објавил дека видот Curcuma бил одгледуван од племето Амахуака источно од горното течение на реката Укајали во Перу и дека се работело за обоена билка користена за бојадисување на телото, а соседниот народ Уитото го користел за бојадисување на лицето за свечени танци. Во 1950 година, Дејвид Софер забележал дека доказите за предевропско, прекутихоокеанско воведување на билката од страна на луѓе изгледаат доста цврсти.

Физичка антропологија мини|десно|200п|Островот Моча покрај брегот на Арауканскиот Полуостров во Чиле

Во декември 2007 година, неколку човечки черепи биле пронајдени во музеј во Консепсион. Овие черепи потекнуваат од островот Моча, којшто се наоѓа во непосредна близина на тихоокеанскиот брег на Чиле и во минатото бил населен од народот Мапуче. Според Лиза Матисо-Смит од универзитетот во Отаго и Хозе Мигел Рамирез Алијага од универзитетот во Валпараисо, краниометриската анализа на черепите укажува дека черепите има „полинезиски одлики“, како што се петоаголниот облик кога се гледаат одзади и заоблените вилици.

Заоблени вилици исто така биле пронајдени при ископување предводено од Хозе Мигел Рамирез во крајбрежната месност Тункен во средишниот дел на Чиле. Местото на ископувањето соодветствува на подрачје со претшпански гробови и купови школки (). Глобален преглед на заоблените вилици меѓу различни популации покажува дека заоблените вилици, иако не се карактеристични единствено за Полинезијците, реткоста на заоблена вилица кај јужноамериканското староседелско население го поддржува гледиштето за полинезиски патници коишто отпатувале до западниот брег на Јужна Америка.

Спорни докази Араукански кокошки Во 2007 година, се појавиле докази коишто посочуваат на можноста за претколумбовски контакт помеѓу народот Мапуче (Арауканци) од јужно-средишните делови на Чиле и Полинезијци. Коските на арауканските кокошки пронајдени во наоѓалиштето Ел Аренал на Арауканскиот Полуостров, што е подрачје населено со Мапуче, поддржуваат претколумбовско воведување на видови приспособени на јужнотихоокеанските острови во Јужна Америка. Со помош на радиојаглеродно датирање, коските пронајдени во Чиле било проценето дека потекнуваат помеѓу 1304 и 1424 година, што е пред патувањата на Шпанците. ДНК-низите на кокошките биле поврзани со оние на кокошки од Американска Самоа и Тонга, и било утврдено дека се разликуваат во споредба со оние на европските кокошки.